User Guide

3МАКЕДОНСКИ
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Немојте никогаш да го потопувате апаратот во
вода ниту да го плакнете под чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте да не
навлезе вода или друга течност во апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте ги во
корпата за да не дојдат во допир со грејните
елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез и
излез на воздух додека работи апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи
тоа може да предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен
приклучокот, кабелот за напојување или самиот
апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста
на апаратот додека работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на храна
што го надминува максималното ниво означено
во корпата.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен
и дали има заглавено храна во грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување
мора да го замени компанијата Philips,
нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во заземјен
ѕиден штекер. Секогаш проверувајте дали
приклучокот правилно сте го вметнале во
штекерот.
- Овој апарат не е наменет за употреба со
надворешен тајмер или со засебен систем за
далечинско управување.
- Површините што се допираат може да се
вжештат додека работи апаратот.