User Guide

4 МАКЕДОНСКИ
- Овој апарат може да го користат деца постари
од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или
лица со недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле упатства
за безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности. Децата не смеат
да си играат со апаратот. Чистење и корисничко
одржување смеат да вршат деца постари од 8
години под надзор на возрасно лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку од
дофат на деца помлади од 8 години.
- Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или
на други апарати. Оставете најмалку 10 cm
слободен простор од задната страна, од двете
бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо
врз апаратот.
- За време на пржењето со врел воздух, од
отворите за излез на воздух се ослободува
врела пареа. Држете ги рацете и лицето на
безбедно растојание од пареата и од отворите
за излез на воздух. Исто така, внимавајте на
врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата
од апаратот.
- Никогаш не користете лесни состојки или
хартија за пакување.
- Површините што се допираат може да станат
врели додека работи апаратот.
- Складирање компири: температурата мора да
биде соодветна на складираната сорта компир
и мора да биде над 6 °C за да се минимизира
ризикот од изложеност на акриламид во
подготвената храна.
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу
до жежок плински шпорет, кој било електричен
шпорет и електрични грејни плочи или во
загреана рерна.
- Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.
- Апаратот е предвиден за употреба при
амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C.