User Guide

9МАКЕДОНСКИ
Пред првото користење
1 Отстранете ја целата амбалажа.
2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има)
од апаратот.
3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење,
како што е наведено во поглавјето за чистење.
Подготовка за употреба
1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна
површина којашто е отпорна на топлина.
Забелешка
Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може
да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
Немојте да го поставувате активниот апарат во близина или под
предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се ѕидови
и ормани.
Оставете ја гумената затка во тавата. Немојте да ја отстранувате
пред готвењето.
Користење на апаратот
Табела за храна
Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки
за видот на храна што сакате да ја подготвите.
Забелешка
Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да
ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи
сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд.
Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит,
шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете
или измешајте ги состојките во корпата од 2 до 3 пати за да
постигнете рамномерен резултат.
Состојки
Мин. – макс.
количина
Time
(Време)
(мин.)
Температура Забелешка
Тенок замрзнат
помфрит (7x7
mm/0,3x0,3 in)
200-500 g /
7-18 oz
16-22 180 °C/350 °F Протресете,
превртете или
измешајте 2-3 пати
при готвењето