User Manual
Table Of Contents
11МАКЕДОНСКИ
Пржење со врел воздух
Внимание
• Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја
полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност.
• Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките
или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со
врелата тава.
• Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.
• Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е
нормално.
• Не е потребно претходно загревање на апаратот.
1 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
2 Извадете ја тавата со корпата од апаратот со
повлекување на рачката.
3 Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка
• Во апаратот Airfryer може подготвувате различни состојки.
Погледнете ги точните количини и приближното време на
готвење во „Табелата за храна“.
• Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела
за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“
бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
• Ако сакате да подготвувате различни состојки истовремено,
проверете го предложеното време на готвење потребно за
различните состојки пред да почнете да ги готвите истовремено.