User Manual

14 МАКЕДОНСКИ
10 Извлечете ја тавата и проверете дали состојките се
готови.
Внимание
Тавата на Airfryer е жешка по процесот на готвење. Секогаш
ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр.
подлога итн.) кога ќе ја извадите од апаратот.
Забелешка
Ако состојките сè уште не се подготвени, турнете ја тавата во
апаратот Airfryer за рачката и додајте неколку дополнителни
минути на поставеното време.
11 За да отстраните мали состојки (на пр. помфрит),
подигнете ја корпата од тавата така што прво ќе го
турнете капакот, а потоа ќе го притиснете копчето за
отпуштање на корпата.
Внимание
По процесот на готвење, тавата, корпата, внатрешноста и
состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во
Airfryer, од тавата може да излезе пареа.
12 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија.
Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја
истурите храната бидејќи на дното од тавата може да
има врело масло.
Забелешка
За да отстраните големи или кршливи состојки, користете
штипалка за да ги подигнете состојките.
На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од
состојките.
Во зависност од видот на состојките што ги готвите, можеби ќе
сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маста од
тавата по секоја количина, или пред да ја протресете или
повторно да ја ставите корпата во тавата. Ставете ја корпата на
површина отпорна на топлина. Носете заштитни ракавици за да
го истурите вишокот масло или маста од храната. Вратете ја
корпата во тавата.
Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш
подготвен за подготовка на друга количина.
Забелешка
Повторете ги чекорите од 3 до 12 ако сакате да подготвите друга
количина.