User Manual

15МАКЕДОНСКИ
Избирање на режимот за одржување топлина
1 Притиснете го копчето за мени додека трепка иконата
за одржување топлина.
2 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го стартувате режимот за одржување топлина.
Забелешка
Тајмерот на режимот за одржување топлина е поставен на 30
минути. За да го промените времето на одржување топлина (1
- 30 минути), притиснете го копчето за намалување на времето.
Времето ќе се потврди автоматски.
Температурата не може да се промени во режимот за одржување
топлина.
3 За да го паузирате режимот за одржување топлина,
притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
За да го продолжите режимот за одржување топлина,
повторно притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
4 За да излезете од режимот за одржување топлина,
долго притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Совет
Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време
на режимот за одржување топлина, скратете го времето на
одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано
или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C/350 °F.
Забелешка
За време на режимот за одржување топлина, вентилаторот и
грејачот во апаратот се вклучуваат повремено.
Режимот за одржување топлина е наменет да ја одржува
топлината на вашата храна веднаш по готвењето во Airfryer. Не е
наменет за подгревање.