User Manual
Table Of Contents
18 МАКЕДОНСКИ
3 Притиснете го копчето за мени додека трепка однапред
поставената опција што сакате да ја употребите.
4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го започнете процесот на готвење.
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
- Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит,
на пр. свежи, (малку) брашнести компири.
- Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во
количини до 800 g/28 oz за рамномерен резултат.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од
помалиот помфрит.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња
(дебелина од 10 x 10 mm/0,4 x 0,4).
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода
најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир
со крпа за садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот,
ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека
стапчињата не се премачкаат со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски
прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во
садот.
Забелешка
• Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња
во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6 Ставете ги стапчињата во корпата.
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја
корпата 2-3 пати за време на готвењето.