User Guide

3МАКЕДОНСКИ
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да
не дојдат во допир со грејните елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух
додека работи апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да
предизвика пожар.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја
друга течност и не плакнете го под чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода
или друга течност во апаратот.
- Никогаш немојте да ставате количина на храна што го
надминува максималното ниво означено во корпата.
- Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот
додека работи.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има
заглавено храна во грејачот.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен
приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
Предупредување
- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да
го замени компанијата Philips, односно сервисен центар
овластен од Philips или лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години
и лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или лица со недостаток на искуство и знаење,
под услов да се под надзор или да добиле упатства за
безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да
вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно
лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца
помлади од 8 години.
- Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки
површини.
- Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер.
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го
вметнале во штекерот.