User Guide

4 МАКЕДОНСКИ
- Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен
тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
- Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други
апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од
задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не
ставајте ништо врз апаратот.
- Апаратот употребувајте го исклучиво за намените
опишани во упатството за користење.
- За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез
на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и
лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите
за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа
и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
- Површините што се допираат може да се вжештат додека
работи апаратот.
- Тавата, корпата и додатоците во апаратот Airfryer стануваат
врели во текот на користењето. Бидете внимателни кога
ракувате со нив.
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и
електрични грејни плочи или во загреана рерна.
- Никогаш не користете лесни состојки или хартија за
печење во апаратот.
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
запаливи материјали како што се чаршаф или завеса.
- Не оставајте апаратот да работи без надзор.
- Веднаш исклучете го апаратот од штекер ако видите дека
од него излегува црн дим. Почекајте да престане димењето
пред да ја извлечете тавата од апаратот.
- Складирање компири: температурата мора да биде
соодветна на складираната сорта компир и мора да биде
над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на
акриламид во подготвената храна.
- Немојте да го приклучувате апаратот ниту да ракувате со
контролната табла со мокри раце.
- Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални
температури помеѓу 5 °C и 40 °C.
Внимание
- Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во
домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии,
фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту
за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Секогаш доставувајте го апаратот во овластен сервисен
центар на Philips за испитување или поправка. Не