User manual
Table Of Contents
10 МАКЕДОНСКИ
Статус на индикаторот за Wi-Fi
Индикаторот за Wi-Fi
е исклучен
• Airfryer не е поврзан со вашата домашна Wi-Fi-мрежа (досега не
било извршено поставување на Wi-Fi) или врската со домашната
Wi-Fi-мрежа е прекината бидејќи, на пример, домашниот рутер е
променет или растојанието помеѓу Airfryer и рутерот е преголемо
Индикаторот за Wi-Fi
е исклучен
• Конфигурацијата со апликацијата NutriU е завршена и Airfryer е
поврзан со домашната Wi-Fi-мрежа
Индикаторот за Wi-Fi
трепка
• Airfryer е во режим на „поставување“ за време на постапката за
поставување Wi-Fi. На екранот се прикажуваат три цртички и
копчињата на Airfryer не се активни; или, пак, ако веќе бил поврзан,
трепкачкиот LED-индикатор означува дека Airfryer е во процес на
поврзување со домашната Wi-Fi-мрежа.
Индикаторот за Wi-Fi
трепка со долга пауза
помеѓу трепкањата
• Функцијата за Wi-Fi на Airfryer е дефектна. Можете да го користите
Airfryer без функциите за поврзување, или можете да го повикате
сервисниот центар на Philips или да контактирате со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Пред првото користење
1 Отстранете ја целата амбалажа.
2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има)
од апаратот.
3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење,
како што е наведено во поглавјето за чистење.
Апликацијата NutriU
Вашиот Airfryer од Philips поддржува Wi-Fi и ви овозможува да
се поврзете со апликацијата NutriU за да го добиете целосното
доживување на Airfryer. Во апликацијата може да ги изберете
вашите омилени рецепти, да ги испратите во Airfryer и да
го стартувате преку вашиот паметен уред. Можете да го
стартувате, следите и приспособувате процесот на готвење
преку вашиот паметен уред без разлика каде се наоѓате, дури
и ако не сте дома.
Поврзување на Airfryer со апликацијата
1 Вметнете го приклучокот на Airfryer во ѕидниот штекер.
2 Проверете дали паметниот уред е во опсегот на вашата
домашна Wi-Fi-мрежа пред да го започнете едноставниот
процес на поставување Wi-Fi.
3 Преземете ја апликацијата NutriU од Philips на вашиот
паметен уред од App Store или од www.philips.com/
nutriu, следете го процесот на регистрација и изберете го
поврзаниот Airfryerповрзаниот Airfryer во вашиот профил под „Мои апарати“.










