User manual

11МАКЕДОНСКИ
4 Следете ги упатствата во апликацијата за да го поврзете
Airfryer со вашата Wi-Fi-мрежа и за да го впарите вашиот
Airfryer.
5 Кога LED-индикаторот за Wi-Fi на корисничкиот интерфејс
на Airfryer свети постојано, Airfryer е поврзан.
Забелешка
Апаратот Airfryer треба да го поврзете со домашна Wi-Fi-мрежа
од 2,4 GHz 802.11 b/g/n.
Едноставното поставување на Wi-Fi е потребно за поврзување на
Airfryer со вашата домашна Wi-Fi-мрежа.
Процесот на впарување се користи за поврзување на
апликацијата NutriU со вашиот паметен Airfryer.
Процесот на поставување Wi-Fi може да го откажете преку
апликацијата или доколку го исклучите Airfryer од штекер.
Со вашиот Airfryer може да впарите само еден паметен уред
истовремено. Ако втор корисник го започне процесот на
впарување, првиот корисник ќе биде исфрлен и ќе мора
повторно да изврши впарување при следното готвење со Airfryer.
За да го започнете процесот на впарување, долго притиснете го
копчето за намалување на температурата и следете ги упатствата
во апликацијата или започнете го од поставките во апликацијата
NutriU.
Гласовна контрола
1 Преземете ја апликацијата NutriU.
2 Поврзете ја апликацијата NutriU со вашиот Airfryer.
3 Дајте согласност за „далечинско готвење“.
4 Поврзете ја апликацијата NutriU со апликацијата за 
гласовен помошник. Оваа врска може да се воспостави 
директно при вклучувањето или подоцна во поставките 
на апликацијата NutriU. Доколку не ја гледате опцијата 
за активирање гласовна контрола во NutriU, активирајте 
ја функцијата Kitchen+ преку вашата апликација за 
гласовен помошник.
Забелешка
Преземете апликација за гласовна контрола, доколку немате, за
да испраќате команди до Airfryer.
Детални гласовни команди се достапни во апликацијата за
гласовна контрола.
Подготовка за употреба
1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна 
површина којашто е отпорна на топлина.