User manual

23МАКЕДОНСКИ
- Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во
количини до 800 g/28 oz за рамномерен резултат.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од
помалиот помфрит.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња 
(дебелина од 10 x 10 mm/0,4 x 0,4). 
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода 
најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир 
со крпа за садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, 
ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека 
стапчињата не се премачкаат со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски 
прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во 
садот.
Забелешка
Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња
во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6 Ставете ги стапчињата во корпата. 
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја 
корпата 2-3 пати за време на готвењето.
Чистење
Предупредување
Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот
целосно да се оладат пред да започнете со чистење.
Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот се обложени со
нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор
или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го
оштетат нелепливиот слој.
Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги
маслото и маста од дното на тавата по секоја употреба.
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување вклучување/исклучување за 
да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од 
ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади. 
Совет
Извадете ја тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на
Airfryer.