User manual
Table Of Contents
3МАКЕДОНСКИ
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Немојте никогаш да го потопувате
апаратот во вода ниту да го плакнете под
чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте
да не навлезе вода или друга течност во
апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте
ги во корпата за да не дојдат во допир со
грејните елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез
и излез на воздух додека работи апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло
бидејќи тоа може да предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако
е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате
внатрешноста на апаратот додека работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на
храна што го надминува максималното
ниво означено во корпата.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е
слободен и дали има заглавено храна во
грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во
заземјен ѕиден штекер. Секогаш










