User manual

7МАКЕДОНСКИ
- Внимавајте да не го притиснете копчето за
отпуштање на корпата при тресењето.
- Бидете внимателни кога го чистите
горниот дел на комората за пржење:
жежок греен елемент, раб на металните
делови.
- Секогаш проверувајте дали храната е
целосно испржена во апаратот Airfryer.
- Погрижете се секогаш да имате контрола
над вашиот Airfryer, како и кога ја
користите функцијата за далечинско
управување или за одложено активирање.
- Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer
може да испушта дим. Бидете особено
внимателни кога ја користите функцијата
за далечинско управување или за
одложено активирање.
- Погрижете се само едно лице
истовремено да ја користи функцијата за
далечинско управување.
- Бидете внимателни кога готвите лесно
расиплива храна со функцијата за
одложено активирање (може да се
размножат бактерии).
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
Автоматско исклучување
Овој апарат има функција за автоматско исклучување. Ако не
притиснете копче во рок од 20 минути, апаратот автоматски
ќе се исклучи. За рачно исклучување на апаратот, притиснете
го копчето за вклучување/исклучување.