Серија HD9650 Упатство за користење
МАКЕДОНСКИ СОДРЖИНА Важно 3 Општ опис 6 Вовед Пред првото користење Подготовка за употреба Поставување на отстранливото мрежесто дно и собирачот на маснотии Табела за храна Користење на апаратот Пржење со врел воздух Промена на друга однапред поставена опција за време на готвењето Користење на рачниот режим Промена на температурата или времето на готвење во секое време Избирање на режимот за одржување топлина Подготвување домашен помфрит Чистење Складирање
МАКЕДОНСКИ Важно 3 Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. Опасност - Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма. - За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот. - Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи. - Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
МАКЕДОНСКИ - Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот. - За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
МАКЕДОНСКИ - - - - 5 Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење. Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина. Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
МАКЕДОНСКИ Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Airfryer XXL од Philips користи врел воздух за пржење на вашата омилена храна со малку или без масло. Постигнете крцкавост како при пржењето во длабоко масло со минимална количина на маснотии.
МАКЕДОНСКИ A I H 11 B G C F D E 10 1 2 9 8 3 4 7 5 6 7
МАКЕДОНСКИ Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките од апаратот. 3 Исчистете го апаратот темелно пред првото користење, како што е наведено во табелата за чистење. Подготовка за употреба Поставување на отстранливото мрежесто дно и собирачот на маснотии 1 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката. 2 Извадете ја корпата така што ќе ја подигнете за рачката. 3 Поставете го собирачот на маснотии во тавата.
МАКЕДОНСКИ 9 5 Ставете ја корпата во тавата. 6 Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за рачката. Забелешка • Никогаш не користете ја тавата без собирачот на маснотии или корпата во неа. Табела за храна Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите. Забелешка • Имајте предвид дека овие поставки се предлози.
МАКЕДОНСКИ Состојки Мин.- макс. Време количина (мин.
МАКЕДОНСКИ 11 Состојки Мин.- макс. Време количина (мин.) Протресете, превртете или Темпе измешајте на Забелешка ратура половина од процесот на готвење Цела риба Приближно 300400 g 1-2 18-22 200 °C Филеа од риба Приближно 120 g 1-3 (1 слој) 9-12 200 °C Школки Приближно 2530 g 200-1500 g 10-25 200 °C Торта 500 g 18 oz 28 180 °C Користете тава за торти. Мафини Приближно 50 g 1-9 12-14 180 °C Користете силиконски калапи за мафини што се отпорни на топлина.
МАКЕДОНСКИ Користење на апаратот Пржење со врел воздух Внимание • Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. • Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава и со собирачот на маснотии. • Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. • Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е нормално.
МАКЕДОНСКИ 13 5 Ставете ги состојките во корпата. Забелешка • Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“. • Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“ бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
МАКЕДОНСКИ 9 За да го промените времето на готвење, завртете го регулаторот QuickControl на саканата поставка. » За да го потврдите избраното време на готвење, притиснете го регулаторот QuickControl. 1 Забелешка 2 • Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење на различни видови храна. 10 Апаратот започнува со готвење откако ќе го потврдите времето на готвење. Совет • За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го регулаторот QuickControl.
МАКЕДОНСКИ 15 Забелешка • Ако состојките сè уште не се готови, турнете ја тавата во апаратот Airfryer за рачката и додајте неколку дополнителни минути на поставеното време. 13 За да ги отстраните малите состојки (на пр. помфрит), извадете ја корпата од тавата држејќи ја за рачката. Внимание • По процесот на готвење, тавата, собирачот на маснотии, корпата, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа.
МАКЕДОНСКИ Промена на друга однапред поставена опција за време на готвењето 1 Притиснете го копчето за однапред поставени опции ( ). 2 Завртете го регулаторот QuickControl за да изберете друга однапред поставена опција. 1 3 За да ја потврдите однапред поставената опцијата, притиснете го регулаторот QuickControl. Индикаторот за времето на готвење трепка на екранот. 1 4 За да го промените времето на готвење, завртете го регулаторот QuickControl.
МАКЕДОНСКИ 17 Користење на рачниот режим 1 Притиснете го копчето за однапред поставени опции ( ). 2 Завртете го регулаторот QuickControl за да го изберете рачниот режим ( ). 3 Притиснете го регулаторот QuickControl за да влезете во рачниот режим. » Зададената температура е 180 °C. 4 За да ја промените температурата, завртете го регулаторот QuickControl. » За да ја потврдите температурата, притиснете го регулаторот QuickControl.
МАКЕДОНСКИ Промена на температурата или времето на готвење во секое време 1 Притиснете го копчето за температура ( ) или за тајмер ( ). 2 За да ја промените температурата или времето на готвење, завртете го регулаторот QuickControl. » За да ја потврдите температурата или времето на готвење, повторно притиснете го регулаторот QuickControl или копчето за температура/тајмер.
МАКЕДОНСКИ 19 Избирање на режимот за одржување топлина 1 Притиснете го копчето за одржување топлина ( ) (режимот за одржување топлина може да го активирате во секое време). » Копчето за одржување топлина засветува со пулсирачки ефект. 2 3 1 » Тајмерот на режимот за одржување топлина е поставен на 30 минути. За да го промените времето на одржување топлина (1-30 мин.), притиснете го копчето за тајмер ( ), завртете го регулаторот QuickControl и потоа притиснете го за да потврдите.
МАКЕДОНСКИ Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer: - - Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири. Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 1000 грама за рамномерен резултат. Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит. Протресете ја корпата 2-3 пати за време на процесот на пржење со врел воздух.
МАКЕДОНСКИ 21 Чистење Предупредување • Почекајте корпата, тавата, собирачот на маснотии и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. • Извадете го собирачот на маснотии од тавата со помош на гумена штипалка. Немојте да го отстранувате со прсти бидејќи врелите маснотии или масло се собираат под собирачот на маснотии. • Тавата, корпата, собирачот на маснотии и внатрешноста на апаратот се обложени со нелеплив слој.
МАКЕДОНСКИ Совет • Ако остатоци од храна се залепат на тавата, собирачот на маснотии или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите.
МАКЕДОНСКИ 23 Складирање 1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. 3 Вметнете го кабелот во преградата за чување на кабелот. Забелешка • Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите фиоката и за предниот дел од апаратот бидејќи може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на фиоката.
МАКЕДОНСКИ Отстранување на проблеми Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со коишто може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата.
МАКЕДОНСКИ 25 Проблем Можна причина Решение Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Кога ќе го вклучите апаратот, ќе го слушнете звукот на вентилаторот. Ако не го слушате овој звук, проверете дали приклучокот е правилно вметнат во ѕидниот штекер. Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer.
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.