User Manual

12 МАКЕДОНСКИ
Користење на апаратот
Пржење со врел воздух
Внимание
Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја
полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност.
Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките
или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со
врелата тава и со собирачот на маснотии.
Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.
Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е
нормално.
Не е потребно претходно загревање на апаратот.
1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна 
површина што е отпорна на топлина. Проверете дали 
фиоката може целосно да се извлече.
Забелешка
Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може
да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
2 Извлечете го кабелот за напојување од преградата за 
чување на кабелот на задната страна од апаратот.
3 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
4 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за 
рачката.