User Manual

13МАКЕДОНСКИ
5 Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка
Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки.
Погледнете ги точните количини и приближното време на
готвење во „Табелата за храна“.
Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела
за храна“ или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX“
бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
Ако сакате да подготвувате различни состојки истовремено,
проверете го предложеното време на готвење потребно за
различните состојки пред да почнете да ги готвите истовремено.
6 Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за 
рачката.
Внимание
Никогаш не користете ја тавата без собирачот на маснотии
или корпата во неа. Ако го загревате апаратот без корпа,
користете заштитни ракавици за да ја извлечете фиоката.
Рабовите и внатрешноста на фиоката многу се вжештуваат.
Не допирајте ја тавата, собирачот на маснотии или корпата
за време на користењето и одредено време по употребата,
бидејќи се многу жешки.
7 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување ( ) 
за да го вклучите апаратот.
8 За да ја промените однапред поставената опцијата, 
завртете го регулаторот QuickControl на саканата 
поставка. 
» За да ја потврдите однапред поставената опцијата,
притиснете го регулаторот QuickControl. Индикаторот
за времето на готвење трепка на екранот.
1
2