User Manual

19МАКЕДОНСКИ
Избирање на режимот за одржување топлина
1  Притиснете го копчето за одржување топлина (
) 
(режимот за одржување топлина може да го активирате 
во секое време).
» Копчето за одржување топлина засветува со
пулсирачки ефект.
» Тајмерот на режимот за одржување топлина е
поставен на 30 минути. За да го промените времето на
одржување топлина (1-30 мин.), притиснете го копчето
за тајмер (
), завртете го регулаторот QuickControl и
потоа притиснете го за да потврдите. Не можете да ја
прилагодите температурата на одржување топлина.
2  За да го паузирате режимот за одржување топлина, 
притиснете го регулаторот QuickControl. За да го 
продолжите режимот за одржување топлина, повторно 
притиснете го регулаторот QuickControl.
3  За да излезете од режимот за одржување топлина, 
притиснете едно од следните копчиња: копче за 
однапред поставени опции, копче за температура или 
копче за вклучување/исклучување.
Совет
Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време
на режимот за одржување топлина, скратете го времето на
одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано
или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C.
Забелешка
Ако го активирате режимот за одржување топлина за време
на готвењето (копчето за одржување топлина засветува со
пулсирачки ефект), апаратот ќе ја одржува вашата храна топла 30
минути по истекот на времето на готвење.
За време на режимот за одржување топлина, вентилаторот и
грејачот во апаратот се вклучуваат повремено.
Режимот за одржување топлина е наменет да ја одржува
топлината на вашата храна веднаш по готвењето во Airfryer. Не е
наменет за подгревање.
1
2
3