User Manual

20 МАКЕДОНСКИ
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
- Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит,
на пр. свежи, (малку) брашнести компири.
- Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во
количини до 1000 грама за рамномерен резултат.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од
помалиот помфрит.
- Протресете ја корпата 2-3 пати за време на процесот на
пржење со врел воздух.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња 
(дебелина од 8x8 mm / 0,3 in). 
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода 
најмалку 30 минути. 
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир 
со крпа за садови или со хартиена крпа.
4 Сипете половина супена лажица масло за готвење 
во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè 
додека стапчињата не се премачкаат со масло. 
5 Извадете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски 
прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во 
садот.
Забелешка
Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња
во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6 Ставете ги стапчињата во корпата. 
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ја 
корпата на половина од процесот на пржење со врел 
воздух. Протресете 2-3 пати ако подготвувате повеќе од 
500 g помфрит.
Забелешка
Погледнете ги точните количини и времињата на готвење во
„Табелата за храна“.