User Manual

21МАКЕДОНСКИ
Чистење
Предупредување
Почекајте корпата, тавата, собирачот на маснотии и
внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да
започнете со чистење.
Извадете го собирачот на маснотии од тавата со помош
на гумена штипалка. Немојте да го отстранувате со прсти
бидејќи врелите маснотии или масло се собираат под
собирачот на маснотии.
Тавата, корпата, собирачот на маснотии и внатрешноста на
апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите
метален кујнски прибор или абразивни материјали за
чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој.
Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги
маслото и маснотиите од дното на тавата по секоја употреба.
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (
) 
за да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од 
ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади. 
Совет
Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на
Airfryer.
2 Извадете го собирачот на маснотии од тавата со помош 
на гумена штипалка. Исфрлете ги маснотиите или 
маслото од дното на тавата.
3 Исперете ги тавата, корпата и собирачот на маснотии во 
машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла 
вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер 
(погледнете во „Табела за чистење“).