User Manual

22 МАКЕДОНСКИ
Совет
Ако остатоци од храна се залепат на тавата, собирачот на
маснотии или корпата, можете да ги потопите во врела вода
и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето
ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното
отстранување. Користете течност за миење садови што може да
ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии
на тавата, собирачот на маснотии или корпата и не сте можеле
да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови,
употребете течен одмастувач.
Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот
елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна.
Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна
бидејќи тоа може да го оштети слојот на грејниот елемент.
4 Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна 
крпа.
Забелешка
Контролната табла треба да биде целосно сува. Избришете ја
контролната табла со крпа откако ќе ја исчистите.
5 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да 
ги отстраните сите остатоци од храна.
6 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и 
неабразивен сунѓер.