User Manual

24 МАКЕДОНСКИ
Отстранување на проблеми
Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со
коишто може да се соочите при користење на апаратот.
Ако не можете да го решите проблемот со помош на
информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата
www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести
прашања или обратете се на центарот за корисничка
поддршка во вашата земја.
Проблем Можна причина Решение
Надворешноста
на апаратот
се вжештува
за време на
употребата.
Топлината од
внатрешноста се шири
кон надворешните
ѕидови.
Тоа е нормално. Рачките и копчињата
коишто ги допирате за време на
употребата нема да бидат топли на
допир.
Тавата, корпата, собирачот на маснотии
и внатрешноста на апаратот секогаш
се вжештуваат кога апаратот е вклучен
за да може храната соодветно да се
зготви. Овие делови се секогаш врели
на допир.
Ако апаратот е вклучен подолго време,
некои делови стануваат врели на допир.
Овие делови на уредот се обележани со
следната икона:
Ако имате предвид дека одредени
делови се вжештуваат и не ги допирате,
уредот е целосно безбеден за употреба.
Домашниот
помфрит не ми
излегува како што
очекував.
Не сте ја користеле
соодветната сорта на
компир.
За да добиете најдобри резултати,
користете свежи (малку) брашнести
компири. Ако треба да ги складирате
компирите, немојте да ги чувате во
ладна средина како, на пример, во
фрижидер. Изберете компири на чие
пакување пишува дека се погодни за
пржење.
Количината на состојки
во корпата е преголема.
Следете ги инструкциите во ова
упатство за користење за да подготвите
домашен помфрит (видете „Табела за
храна“ или преземете ја бесплатната
апликација Airfryer).
Одредени видови
состојки треба да се
протресат на половина
од времето на готвење.
Следете ги инструкциите во ова
упатство за користење за да подготвите
домашен помфрит (видете „Табела за
храна“ или преземете ја бесплатната
апликација Airfryer).