User Manual

3МАКЕДОНСКИ
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту
да го плакнете под чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода
или друга течност во апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да
не дојдат во допир со грејните елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух
додека работи апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да
предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен
приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот
додека работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на храна што го
надминува максималното ниво означено во корпата.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има
заглавено храна во грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да
го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други
лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер.
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го
вметнале во штекерот.
- Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен
тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
- Површините што се допираат може да се вжештат додека
работи апаратот.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години
и лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или лица со недостаток на искуство и знаење,
под услов да се под надзор или да добиле упатства за
безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да
вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно
лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца
помлади од 8 години.