User Manual

5МАКЕДОНСКИ
- Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето
ако го оставате без надзор, како и пред склопување,
расклопување, складирање или чистење.
- Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна
површина.
- Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за
професионални или полупрофесионални цели или ако не
се користи во согласност со упатствата во прирачникот за
корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема
да прифати одговорност за настанатата штета.
- Ако е потребна проверка или поправка на апаратот,
секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips.
Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во
спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по
користењето.
- Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути
пред да ракувате со него или да го чистите.
- Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да
бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете
ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на
температура поголема од 180 °C (за да создавањето на
акриламид се сведе на минимум).
- Внимавајте да не го притиснете копчето за отпуштање на
корпата при тресењето.
- Бидете внимателни кога го чистите горниот дел на
комората за пржење: жежок греен елемент, раб на
металните делови.
- Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во
апаратот Airfryer.
- Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот
Airfryer.
- Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да
испушта дим.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и
прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни
полиња.
Автоматско исклучување
Овој апарат има функција за автоматско исклучување. Кога ќе
измине поставеното време на тајмерот, апаратот автоматски ќе
се исклучи. За рачно исклучување на апаратот, притиснете го
копчето за вклучување/исклучување.