User Manual

6 МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Airfryer XXL од Philips користи врел воздух за пржење на
вашата омилена храна со малку или без масло. Постигнете
крцкавост како при пржењето во длабоко масло со
минимална количина на маснотии. Комбинирањето на моќен
грејач и мотор со технологијата Twin TurboStar му овозможува
на врелиот воздух во Airfryer XXL брзо да кружи, како торнадо,
низ целата корпа за готвење. На овој начин се отстрануваат
маснотиите од храната и се собираат во собирачот на
маснотии на дното од Airfryer.
Маснотиите што се испуштаат од храната се собираат на едно
место на дното од тавата за лесно отстранување и чистење.
Уживајте во совршено испржена храна што е крцкава
однадвор и мека одвнатре. Пржете, подготвувајте на скара и
печете за да подготвите различни вкусни оброци на здрав, брз
и лесен начин.
За инспирација, рецепти и информации поврзани со апаратот
Airfryer, посетете ја веб-страницата www.philips.com/kitchen
или преземете ја бесплатната апликација Airfryer за IOS
®
или
Android™.
Општ опис
1 Фиока
2 Корпа со отстранливо мрежесто дно
3 Отстранливо мрежесто дно
4 Собирач на маснотии
5 Тава
6 Преграда за чување на кабелот
7 Отвори за излез на воздух
8 Ознака MAX
9 Кабел за напојување
10 Отвор за влез на воздух
11 Контролна табла
A. Индикатор за температура
B. Копче за температура
C. Копче за одржување топлина
D. Регулатор QuickControl
E. Копче за вклучување/исклучување
F. Копче за однапред поставени опции
G. Копче за тајмер
H. Индикатор за време
I. Однапред поставени опции: помфрит/замрзнати
закуски, кокошка, месо, риба, печење и рачно