User Manual
Table Of Contents
14 МАКЕДОНСКИ
9 За да го промените времето на готвење, завртете го
регулаторот QuickControl на саканата поставка.
» За да го потврдите избраното време на готвење,
притиснете го регулаторот QuickControl.
Забелешка
• Погледнете ја табелата за храна со основни поставки за готвење
на различни видови храна.
10 Апаратот започнува со готвење откако ќе го потврдите
времето на готвење.
Совет
• За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го
регулаторот QuickControl. За да го продолжите процесот на
готвење, повторно притиснете го регулаторот QuickControl.
Забелешка
• Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од
30 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни
причини.
• Ако изберете „- -“ како индикатор за време, апаратот преминува
во режим на загревање.
• Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина
од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги
протресете состојките, притиснете го регулаторот QuickControl
за да го паузирате готвењето, извлечете ја фиоката, извадете
ја корпата од тавата и протресете ја над мијалникот. Потоа,
турнете ја тавата со корпата назад во апаратот и притиснете го
регулаторот QuickControl за да го продолжите готвењето.
• Ако го поставите тајмерот на половина од времето на готвење,
кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот време е да ги
протресете или превртите состојките. Не заборавајте да го
ресетирате тајмерот на преостанатото време на готвење.
11 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, поставеното
време на подготовка изминало.
12 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за
рачката и проверете дали се готови состојките.
1
2