Important Information Manual

МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Никогаш не потопувајте го моторот
во вода или некоја друга течност и не
плакнете го под чешма. За чистење на
моторот користете само влажна крпа.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Бидете многу внимателни кога ракувате
со единицата со сечила. Бидете особено
внимателни кога ја отстранувате од садот,
кога го празните садот и кога ја чистите.
Рабовите се многу остри.
- Ако некоја од единиците со сечила се
заглави, исклучете го апаратот пред да ги
отстраните состојките што ја блокираат
единицата со сечила.
- Бидете внимателни кога сипувате
врела течност во садот, бидејќи врелата
течност и пареата може да предизвикаат
изгореници.
- Приклучокот мора да се извади од
ѕидниот штекер пред чистењето или
одржувањето на апаратот.
- Овој апарат не смеат да го користат деца.
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку
од дофат на деца.
- Апаратите може да ги користат лица
со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните
опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако
е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
1
www.philips.com
- Пред да го вклучите апаратот, проверете
дали напонот наведен на апаратот
одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
Внимание
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Овој апарат е наменет само за
стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во
хотели, мотели, угостителски објекти кои
нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата во прирачникот.
- Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители, или кои
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
- Апаратот користете го само за неговата
предвидена намена како што е
прикажано во упатството за користење.
- Не надминувајте ги количините и
времињата на обработка наведени во
табелата.
- Исечете ги големите состојки на парчиња
со големина од приближно 2 cm пред
обработката.
- Никогаш не полнете го садот со состојки
чија температура е поголема од
80°C/175°F.
- Ако состојките се залепат на ѕидот од
садот, отстранете ги моторот и капакот.
Потоа одвојте ги состојките со лопатка
или додајте малку течност.
- Немојте да го користите апаратот со
кој било додаток подолго од 3 минути
без прекин. Оставете го апаратот да се
олади 15 минути пред да продолжите со
обработката.
3000 053 13571A
Specications are subject to change
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.

Summary of content (2 pages)