Important Information Manual

МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Никогаш не потопувајте го моторот
во вода или некоја друга течност и не
плакнете го под чешма.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Не користете го апаратот ако ситото
или капакот е оштетен или има видливи
пукнатини.
- Овој апарат е наменет само за
стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во
хотели, мотели, угостителски објекти кои
нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Овој апарат не смеат да го користат деца.
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку
од дофат на деца.
- Апаратите може да ги користат лица
со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните
опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако
е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или некој друг дел.
- Никогаш не ставајте прсти или предмети
во отворот за полнење додека работи
апаратот. За таа намена користете
го само потиснувачот. Во отворот за
полнење ставајте исклучиво овошје,
зеленчук или потиснувачот.
- Не допирајте ги малите сечила во
основата на ситото. Тие се многу остри.
- Секогаш поставувајте и користете го
апаратот на сува, стабилна и рамна
површина.
- За да обезбедите стабилност на апаратот,
површината на која стои апаратот и
долниот дел на апаратот одржувајте ги
чисти.
- Немојте да ја јадете пулпата ниту да ја
користите за подготовка на јадења.
- Пред да го приклучите апаратот,
проверете дали напонот наведен на
долниот дел од апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
- Никогаш не оставајте го апаратот да
работи без надзор.
Внимание
- Пред да го расклопите и чистите
апаратот, поставете го регулаторот во
положба за исклучување и извлечете
го кабелот од ѕидниот штекер. Потоа
спуштете ја рачката за заклучување во
положба за отклучување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Немојте да го држите апаратот за рачката
за заклучување кога го носите.
- Пред употреба, кабелот за напојување
потполно одмотајте го од преградата за
чување на кабелот.
- Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители, или кои
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата во прирачникот.
- Проверете дали сите делови се правилно
склопени пред да го вклучите апаратот.
- Апаратот користете го само кога рачката
за заклучување е во заклучена положба.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
1
www.philips.com
3000 053 13601 A
Specications are subject to change
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.

Summary of content (2 pages)