Important Information Manual
МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја 
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на 
www.philips.com/welcome. 
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да 
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
 - Никогаш не потопувајте го моторот 
во вода или некоја друга течност и не 
плакнете го под чешма. За чистење на 
моторот користете само влажна крпа.
Предупредување
 - Во случај на оштетување, кабелот 
за напојување мора да го замени 
компанијата Philips, нејзин сервисер или 
други лица со слични квалификации за да 
се избегне опасност.
 - За да избегнете опасност поради 
случајно ресетирање на заштитата од 
прегревање, овој апарат не смеете да 
го приклучувате на надворешен уред за 
прекинување на струјно коло, како што 
е прекинувачот со тајмерска контрола, 
или на струјно коло кое програмирано се 
вклучува и исклучува.
 - Овој апарат не смеат да го користат деца. 
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку 
од дофат на деца.
 - Апаратите може да ги користат лица 
со ограничени физички, сензорни или 
ментални способности или лица со 
недостаток на искуство и знаење, под 
услов да се под надзор или да добиле 
упатства за безбедно користење на 
апаратот и да ги разбираат можните 
опасности.
 - Децата не смеат да си играат со апаратот.
 - Немојте да го користите апаратот ако 
приклучокот, кабелот за напојување 
или некој друг дел е оштетен или има 
видливи пукнатини.
 - Исклучете го апаратот од штекер кога не 
го користите.
 - Немојте да ставате тешки предмети врз 
апаратот.
 - Немојте да го преместувате апаратот 
додека работи.
 - Немојте да го перете апаратот во машина 
за садови.
 - При склопувањето не заборавајте да ги 
затегнете завртките на предната табла.
 - Проверете дали апаратот е приклучен во 
штекер при склопувањето.
 - Бавно сипувајте ја течноста низ отворот 
за вода кога апаратот ќе започне со 
мешање.
 - Во апаратот за тестенини немојте да 
ставате состојки чија температура е 
60°C/140°F или повисока, а апаратот 
немојте да го ставате во опкружувања 
со висока температура (60°C/140°F), 
на пример стерилизација со висока 
температура. Тоа ќе го оштети апаратот.
 - Никогаш немојте да сипувате вода 
во комората за мешање пред да го 
поставите капакот на комората.
 - Немојте да сипувате течности во отворот 
на безбедносниот прекинувач.
 - Немојте да ја избирате програмата 
што опфаќа само обликување пред 
да заврши мешањето на тестото. Во 
спротивно, тоа ќе го оштети апаратот за 
тестенини.
 - За чистење на апаратот немојте да 
користите жица, јаки средства за чистење 
или средства за чистење како што се 
бензин, алкохол и пропанол.
 - Чистете го апаратот по секоја употреба 
за да овозможите негово правилно 
работење.
 - Немојте да вметнувате предмети во 
апаратот.
 - Бидете особено внимателни кога го 
чистите апаратот за да не се исечете на 
острите рабови.
 - Исклучете го апаратот и извлечете го 
приклучокот од штекер пред замена 
на додатоците или пристапување до 
деловите што се движат при употреба.
 - Никогаш немојте да посегнувате во 
комората за мешање кога апаратот е 
приклучен во штекер.
 - За да спречите краток спој или 
електричен удар, немојте да сипувате 
вода или друга течност на екранот.
 - Пред да го приклучите апаратот на 
електричната мрежа, проверете дали 
напонот наведен на долната страна 
на апаратот одговара на напонот на 
локалната електрична мрежа.
 - Пред да го вметнете приклучокот во 
ѕидниот штекер, проверете дали уредот е 
правилно склопен.
Внимание
 - Секогаш исклучувајте го апаратот од 
напојувањето ако го оставате без надзор, 
како и пред склопување, расклопување, 
складирање или чистење.
 - Овој апарат е наменет само за 
стандардна употреба во домаќинства. Не 
е наменет за употреба во опкружувања 
како што се кујни за персонал во 
продавници, канцеларии, фарми или 
други работни опкружувања. Не е 
наменет ниту за употреба од клиенти во 
хотели, мотели, угостителски објекти кои 
нудат ноќевање и појадок и други видови 
сместување.
 - Пред првото користење на апаратот 
темелно исчистете ги деловите кои 
доаѓаат во допир со храната. Погледнете 
ги упатствата во прирачникот.
 - Никогаш не користете додатоци или 
делови од други производители, или кои 
не се препорачани од Philips. Доколку 
користите вакви додатоци или делови, 
вашата гаранција ќе престане да важи.
 - Немојте да го користите апаратот на 
нестабилна или нерамна површина.
 - Апаратот користете го само за неговата 
предвидена намена како што е 
прикажано во упатството за користење.
 -  Не надминувајте ги количините и 
времињата на обработка наведени во 
табелата.
 -  За да го продолжите работниот век 
на апаратот, ви препорачуваме да го 
запрете уредот на 15 минути, доколку сте 
го користеле 45 минути без прекин.
 - Доколку планирате да го користите 
апаратот без прекин, чистете го дискот 
за обликување со испорачаниот алат за 
чистење по секоја употреба. За полесно 
чистење, дискот за обликување немојте 
директно да го потопувате во вода.
 - Никогаш немојте да го чистите апаратот 
со сунѓери за триење, абразивни 
средства за чистење или со агресивни 
течности како бензин или ацетон.
 - Не ставајте помалку од 200 g или повеќе 
од 600 g брашно во комората.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки 
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на 
електромагнетни полиња.
1
www.philips.com
3000 053 14041 A
Specications are subject to change 
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.


