Important Information Manual

МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Никогаш не потопувајте го моторот
во вода или некоја друга течност и не
плакнете го под чешма. За чистење на
моторот користете само влажна крпа.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Овој апарат е наменет само за
стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во
хотели, мотели, угостителски објекти кои
нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Овој апарат може да го користат деца
постари од 8 години под услов да се
под надзор или да добиле упатства за
безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности. Чистење
и корисничко одржување смеат да вршат
деца постари од 8 години под надзор
на возрасно лице. Апаратот и кабелот
држете ги подалеку од дофат на деца
помлади од 8 години.
- Апаратите може да ги користат лица
со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните
опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
- Немојте да го користите апаратот ако
приклучокот, кабелот за напојување
или некој друг дел е оштетен или има
видливи пукнатини.
- Пред да го вклучите апаратот, проверете
дали напонот наведен на апаратот
одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
Внимание
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Моторот држете го подалеку од топлина,
оган, влага и нечистотии.
- Апаратот користете го само за неговата
предвидена намена како што е
прикажано во упатството за користење.
- Секогаш поставувајте го апаратот на
рамна и стабилна површина.
- Немојте да ја користите цедилката
за цитруси подолго од 10 минути без
прекин.
- Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители, или кои
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата во прирачникот.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки
стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека производот не смее да се
фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
(Сл. 1)
- Придржувајте се до законите во вашата земја за
посебно собирање на електричните и електронските
производи. Правилното фрлање помага во спречувањето
на негативните последици по животната средина и
човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка,
посетете ја страницата www.philips.com/support или
прочитајте го посебниот меѓународен гарантен лист.
1
www.philips.com
3000 053 14101 A
Specications are subject to change
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.

Summary of content (2 pages)