User manual

Table Of Contents
Македонски
625
Македонски
Вовед
Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare!
Оваа четка за заби ви овозможува да добиете
супериорно отстранување на забен камен, побели
заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата
на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички
развиени и докажани функции, може да бидете
сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој
пат.
Дополнителна поддршка и регистрација на
производот ви се достапни на:
www.philips.com/support
Важни безбедносни информации
Користете го производот само за неговата намена.
Внимателно прочитајте ги овие важни информации
пред да го користите производот и неговите батерии
и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни
повреди.
Предупредувања
- Чувајте ги полначите и УВ-стерилизаторот
подалеку од вода.
- По чистењето, проверете дали полначот и/или
стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете
со ѕидниот штекер.
- Овој уред може да го користат деца и лица со
намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостиг на искуство и знаење,
доколку се под надзор или добиваат инструкции
за користењето на уредот на безбеден начин и ги
разбираат потенцијалните опасности. Децата не
треба да го чистат или да го одржуваат уредот без
надзор.
- Децата не треба да си играат со уредот.
- Користете само оригинални додатоци или
потрошни средства на Philips. Користете го само
полначот што е обезбеден со производот. Ако е
доставен, користете ги само оригиналниот USB
кабел и USB единицата за напојување.