User manual

Table Of Contents
630
Македонски
Забелешка: Вклучените додатоци може да се
разликуваат според купениот модел.
Започнување
1
Порамнете ја главата на четката, така што
влакната ќе бидат поставени во истата насока со
предниот дел на рачката.
2
Цврсто притиснете ја главата на четката врз
металниот издаден дел сѐ додека нема каде
повеќе да оди.
Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу
главата на четката и рачката.
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв
пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации
отколку кога користите неелектрична четка за заби.
Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да
вршат премногу притисок. Применете само нежен
притисок и оставете четката за заби да го врши
четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените
упатства за четкање за најдобро искуство.
За моделите без интензитети
За да ви помогнеме да преминете на новата
електрична четка за заби Sonicare, таа доаѓа со
активирана опција EasyStart. Оваа функција полека ја
зголемува моќноста во текот на првите 14 четкања за
да ви помогне да се прилагодите на четкањето со
четката за заби Philips Sonicare.
За моделите со интензитети
За да ви помогне да се префрлите на новата
електрична четка за заби Sonicare, користете пониска
поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа префрлете
се на повисока поставка.