User manual

Table Of Contents
639
Македонски
Полнење и статус на батеријата
Оваа четка за заби Philips Sonicare има капацитет од
најмалку 28 сесии на четкање, секоја сесија по 2
минути (14 дена, доколку се користи двапати дневно)
при целосно наполнета батерија. Индикаторот за
батеријата го покажува статусот на батеријата кога ја
завршувате 2-минутната сесија за четкање, кога ја
паузирате четката за заби или додека се полни.
Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата
целосно да се наполни пред првото користење, но
може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и
пред целосно да се наполни.
Полнење
Полнење на полнач или УВ-стерилизатор
1
Приклучете го полначот или стерилизаторот во
електричен штекер.
2
Поставете ја рачката на полначот или
стерилизаторот.
- Рачката емитува 2 кратки звучни сигнали за да се
потврди дека рачката е правилно поставена.
- Трепкачкото светло на индикаторот за батерија
покажува дека четката за заби се полни.
- Кога рачката целосно ќе се наполни на полначот,
индикаторот на батеријата светнува во зелена боја
30 секунди, а потоа се исклучува.
Статус на батеријата
Статус на батеријата (рачка на приклучен
полнач)
Кога рачката е поставена на полначот, индикаторот
на батеријата го прикажува нивото на батеријата.
Статус на батеријата (рачка во приклучен
полнач/кутија за патување со полнач)
Кога рачката е поставена на полначот или во кутијата
за патување со полнач, индикаторот на батеријата го
прикажува нивото на батеријата.