User manual

Table Of Contents
645
Македонски
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење. Заштитете си ги очите,
рацете, прстите и површината на којашто
работите.
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека
рацете, производот и батериите се суви.
За да се избегне случаен краток спој на
батериите по отстранувањето, не дозволувајте
терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли
за коса, прстени). Немојте да ги виткате
батериите во алуминиумска фолија. Залепете
ги терминалите на батериите или ставете ги
батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
Отстранување на батеријата на полнење
За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви
треба крпа или ткаенина, чекан и рамен (стандарден)
шрафцигер. Почитувајте ги основните безбедносни
мерки при следење на постапката опишана подолу.
1
За да ја испразните батеријата на полнење од
преостанатото полнење, отстранете ја рачката од
полначот, вклучете ја четката за заби и оставете ја
да работи додека не сопре. Повторувајте го овој
чекор сѐ додека повеќе не можете да ја вклучите
четката за заби.
2
Отстранете ја и фрлете ја главата на четката.
Покријте ја целата површина на рачката со крпа
или ткаенина.