operation manual

- Не чистете ги млазницата на AirFloss Ultra, рачката, полначот,
резервоарот за вода и неговиот капак во машина за миење
садови или во микробранова печка.
- За да се избегне опасност од проголтување, не ставајте
изопропил алкохол или други течности за чистење во
резервоарот.
- AirFloss Ultra е уред за лична нега и не е наменет за користење
на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или
институција.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е во согласност со сите важечки стандардни
и одредби во однос на изложеноста на електромагнетни полиња.
Вашата Philips AirFloss Ultra (сл. 1)
1 Врв на млазницата
2 Млазница за AirFloss Ultra
3 Копче за активирање
4 Резервоар и врата на резервоарот
5 Рачка
6 Индикатор за полнење и режим на прскање
- Едно прскање: 1 LED-светло
- Две прскања: 2 LED-светла
- Три прскања: 3 LED-светла
7 Копче за вклучување/режим
8 Отстранлив држач за млазница (одредени модели)
9 Полнач
Забелешка: содржината на кутијата може да се разликува во
зависност од купениот модел.
Полнење
Полнете ја AirFloss Ultra 24 часа пред првото користење.
1 Ставете го приклучокот на полначот во електричен штекер.
2 Поставете ја рачката на полначот. (Сл. 2)
Постапка (Сл. 3) на полнење:
147
Македонски