User Guide

Table Of Contents
672
Македонски
- Уредов е уред за лична нега и не е наменет за
користење на повеќе пациенти во стоматолошка
ординација или институција.
Безбедносни упатства за батеријата
- Користете само оригинални додатоци и потрошни
средства на Philips. Користете ја само единицата за
напојување што се одвојува TCAxxxx и/или
CBAxxxx. Користете ја само батеријата на полнење
дадена со производот.
- Полнете и користете го производот на
температура помеѓу 5 °C и 40 °C.
- Чувајте ги производот и батериите подалеку од
оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.
- Ако производот се загрее премногу или почне да
мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае
подолго од вообичаено, престанете со
користењето и полнењето на производот и
контактирајте со Philips.
- Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате,
оштетувате или расклопувате производот или
батеријата за да спречите батериите да се
загреваат или да испуштаат токсични или опасни
супстанции. Немојте да правите краток спој,
премногу да ги наполнувате или обратно да ги
полните батериите.
- Ако батериите се оштетени или протекуваат,
избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се
случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и
побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки
стандарди и регулативи во врска со изложеноста на
електромагнетни полиња.
Директива за радио опрема
Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за
заби опремени со интерфејс со радиофреквенција
(Bluetooth или BrushSync) се во согласност со
директивата 2014/53/EU.