Specifications

69
Проблем Можна причина Решение
LivingColors
не емитува
светлина
Светилката не е правилно
приклучена
Проверете ги местата на поврзување на кабелот со светилката
Проверете дали приклучокот е правилно вметнат во штекерот
Далечинскиот управувач не
работи
Погледнете го наредниот дел
LivingColors
не реагира на
далечинскиот
управувач
Далечинскиот управувач не
работи
Проверете ги батериите во далечинскиот управувач. Батериите
треба да бидат правилно поставени (+ и -) и треба да бидат
полни. Ако далечинскиот управувач сè уште не работи, обидете се
да ги замените батериите.
Далечинскиот управувач не е
поврзан со светилката
Поврзете го далечинскиот управувач со LivingColors светилката
следејќи ја постапката под “2. Поврзување на LivingColors
светилките”
Голем сообраќај на безжичната
податочна мрежа (на пр. безжичен
рутер)
Оддалечете ја LivingColors светилката од безжичната пристапна
точка
Проверете дали сите LivingColors светилки кои се поврзани на
овој далечински управувач се вклучени; во спротивно тие нема да
реагираат по оваа постапка.
Истовремено притиснете на “0” и ( ) најмалку 5 секунди за
да се префрлите на друг канал (сите LivingColors светилки ќе
засветат со зелена боја како потврда). Оваа постапка можете да
ја повторите до 3 пати, по можност од друга позиција.
Не можам да
поврзам повеќе
LivingColors
светилки
Копчето “I” не било притиснато
доволно долго
Повторете ја постапката под “2. Поврзување на LivingColors
светилките”. Доколку била успешно поврзана, светилката
ќе засвети еднаш со зелена боја; ако поврзувањето не било
успешно, таа веднаш ќе се врати на претходното поставување без
да засвети со зелена боја.
LivingColors светилките припаѓаат
на различни верзии
Проверете дали светилките кои не можете да ги поврзете имаат
ознака “G2” на задната страна од далечинскиот управувач и на
долниот дел од самите светилки. Доколку некоја од светилките ја
нема оваа ознака, таа не може да се поврзе со светилка што ја
има оваа ознака (но може да се поврзе со другите светилки кои ја
немаат ознаката G2).
Не можам да
го активирам
режимот на
автоматско
менување на
боите
Повлекувањето со прстот не било
правилно
Ако бојата се промени во друга (непроменлива) боја, но не
започне цикличното менување на боите, тогаш повлекувањето со
прстот не било правилно; ве молиме обидете се повторно
LivingColors
сè уште не
функционира
на стандарден
начин
Друг проблем Обратете се до Philips Lighting контакт центарот (погледнете под
Гаранција и сервис)
2.Поврзување на LivingColors светилките
1. Можете да управувате со повеќе LivingColors светилки со еден
далечински управувач. LivingColors светилките потоа ќе ја емитуваат
истата боја (или истовремено ќе ги менуваат боите). За да поврзете
неколку LivingColors светилки на еден далечински управувач,
приближете го далечинскиот управувач до Philips логото на горниот
дел од светилката и притиснете на “I” (“Вклучено”). LivingColors
ќе засвети 3 пати и потоа кратко ќе засвети со зелена боја. Тогаш
ќе можете да го отпуштите копчето. Поврзаните светилки ќе се
вклучат со последното поставување на далечинскиот управувач.
- Повторете ја оваа постапка за секоја LivingColors светилка која
сакате да ја поврзете со другите.
- За повторно да ја користите LivingColors светилката одделно,
поврзете ја со друг далечински управувач на истиот начин кој е
опишан погоре.
Откривање на дефекти:
2. Исто така можно е да се управува со една LivingColors светилка
со повеќе далечински управувачи. За да го направите тоа, прво
ресетирајте еден од далечинските управувачи со истовремено
притиснување и задржување на копчињата “0” и ( ) во траење од
5 секунди. Потоа поставете два далечински управувачи блиску еден
до друг и притиснете го копчето “I” на двата управувачи во траење
од 7 секунди. Тогаш ќе можете да го поврзете новиот далечински
управувач со LivingColors на истиот начин кој е опишан погоре.
- LivingColors светилките кои се поврзани на два (или повеќе)
далечински управувачи можат да се управуваат преку кој било од
тие далечински управувачи.
- За да ја прекинете врската помеѓу далечински управувач и
LivingColors светилка, приближете го далечинскиот управувач до
LivingColors светилката и притиснете на “0” во траење од три
секунди. LivingColors светилката ќе засвети 3 пати. Задржете го
копчето “0” малку подолго и светилката полека ќе се изгасне.
Тогаш ќе биде прекината врската помеѓу далечинскиот управувач и
LivingColors светилката.
MA0 000 021.indd 69 2009-08-13 10:20:55