SCF355 Упатство за користење
Содржина Леток со ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������ 3 Електромагнетни полиња (EMF) ���������������������������������������������������������������������������������� 5 Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 6 Употреба на грејачот за шишиња ����������������������������������������������������������������������������� 6
Леток со Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на грејачот за шишиња и зачувајте го за идни потреби. Опасност - Не го потопувајте кабелот, приклучокот или апаратот во вода или во друга течност. Предупредување - Апаратот користете го само во затворен простор. - Кабелот за напојување не смее да виси преку работ на маса или работна површина. Вишокот должина на кабелот може да се чува во подножјето на грејачот за шишиња. - Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
- - - Овие апарати може да ги користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да го чистат апаратот ниту да го одржуваат. Овој апарат може да го користат деца постари од 3 години под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред да го храните детето. Нежно промешајте го млекото во шишето и проверете ја температурата така што ќе прснете неколку капки млеко на внатрешната страна од рачниот зглоб.
Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Овој грејач за шишиња ви овозможува безбедно да ги загревате сите шишиња за хранење Philips Avent и млеко/бебешка храна во садови и други теглички со бебешка храна. Забелешка: во грејачот за шишиња не може да се загреваат ќесите за чување мајчино млеко Philips Avent и шишињата Philips Avent од 60 ml.
Објаснување на поставките Грејачот на шишиња и индикаторот се исклучени. При секоја друга поставка, уредот е вклучен и индикаторот свети. Изберете ја оваа поставка кога сакате брзо да загреете шише со млеко на собна температура (22 °C) со содржина од 60 ml до 330 ml или на ниска температура (5 °C) со содржина од 60 ml до 240 ml. Веднаш извадете го шишето штом го загреете до саканата температура за да не се прегрее.
Користење на грејачот за шишиња со поставка за експресно загревање на млеко 1 Вклучете го приклучокот во ѕидниот штекер. Ставете шише во грејачот за шишиња. 2 Наполнете го грејачот за шишиња со вода за пиење до нивото на млекото во шишето. Ако имате голема количина млеко, максималното ниво на водата е приближно 1 cm под врвот на грејачот за шишиња. Точното количество вода ќе обезбеди правилни перформанси на загревање. 1 cm 3 Изберете ја саканата поставка врз основа на количината на млекото.
4 Портокаловото светло се вклучува кога ќе изберете поставка. Тоа означува дека грејачот за шишиња е вклучен. Забелешка • Додека се загрева, млекото циркулира и се загрева подеднакво. 5 Погледнете во табелата за време на експресно загревање за времето потребно за загревање на млекото.
6 Секогаш проверувајте ја температурата пред да започнете да го храните детето. Нежно протресете го шишето или садот за чување на млекото и проверете ја температура на млекото со прснување неколку капки на внатрешната страна од рачниот зглоб. 7 Вратете го регулаторот во положбата „исклучено“. Внимание • Водата во грејачот за шишиња може да биде врела по завршување на загревањето млеко/бебешка храна. Имајте предвид дека врелата вода може да предизвика сериозни изгореници.
Забелешка • Наведените времиња на загревање се засноваат на полипропиленските шишиња Philips Avent Natural и Anti-colic. Имајте предвид дека времињата на загревање на полипропиленските шишиња Philips Avent Anti-colic со вентил AirFree и на стаклените шишиња Philips Avent Natural отстапуваат од тие што се наведени тука. Покрај видот и материјалот на шишето, на времето на загревање може да влијаат и карактеристики како дебелината.
Користење на поставката за одржување топлина за загревање на млеко 1 Вклучете го приклучокот во ѕидниот штекер. Ставете го шишето или садот во грејачот за шишиња. 2 Наполнете го грејачот за шишиња со вода за пиење до нивото на млекото во шишето/садот. Ако имате голема количина млеко, максималното ниво на водата е приближно 1 cm под врвот на грејачот за шишиња. 1 cm 1 cm 3 Изберете ја положбата за одржување топлина.
Забелешка • Philips Avent препорачува да го нахраните детето што е можно поскоро откако ќе го загреете млекото. Ви препорачуваме да не го подгревате млекото откако ќе се олади. • Секогаш проверувајте ја температурата пред да започнете да го храните детето. 4 Вратете го регулаторот во положбата „исклучено“ кога ќе го извадите шишето/садот од грејачот за шишиња. Користење на грејачот за шишиња со поставката за одмрзнување 1 Вметнете го приклучокот од уредот во ѕидниот штекер.
1 cm 3 Изберете ја положбата за одмрзнување. Со оваа поставка можете да го одмрзнувате смрзнатото млеко/бебешка храна до течна состојба. За замрзнато млеко, погледнете ја табелата за време на загревање за очекуваните времиња на одмрзнување. Откако ќе го одмрзнете млекото, изберете ја поставката за експресно загревање или поставката за одржување топлина за да го загреете млекото. Погледнете ги претходните поглавја за упатствата за користење.
Чистење и отстранување бигор Чистење 1 2 3 По секоја употреба, исклучете го грејачот за шишиња од штекер и оставете го да се олади. Отстранете ја водата од грејачот за шишиња од хигиенски причини. Избришете ги надворешноста и внатрешноста на грејачот за шишиња со влажна крпа. » Немојте да го чистите грејачот за шишиња со абразивни и антибактериски средства за чистење, хемиски растворувачи или остри алати.
Отстранување бигор Се препорачува да го отстранувате бигорот од грејачот за шишиња на секои четири недели за да овозможите ефикасно функционирање. 1 За да го отстраните бигорот од грејачот за шишиња, употребете раствор од 50 ml бел оцет и 100 ml студена вода. Вклучете го грејачот за шишиња, изберете ја поставката за експресно загревање млеко 1 и оставете го апаратот да работи 10 минути. Оставете го растворот во грејачот за шишиња сè додека не се раствори целиот бигор.
Рециклирање Овој симбол означува дека електричните производи не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи. Поддршка За целата поддршка за производот, како што се често поставуваните прашања, одете на www.philips.com/support. Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот.
Проблем Решение Одмрзнувањето на млекото во грејачот за шишиња се одвива пребавно. Млекото не треба да се одмрзнува на висока температура бидејќи така ги губи хранливите состојки. Поради суптилната температура на одмрзнување на млекото, одмрзнувањето може да трае подолго од очекуваното. Грејачот за шишиња престанува да работи за време на процесот на загревање. Не можам да го вклучам грејачот за шишиња. Дното на грејачот за шишиња може да е зачепено поради бигор.
©2023 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.