User manual

My Easy
Sippy Cup
Македонски
Внимателно прочитајте ги сите упатства пред употреба. Чувајте го
прирачникот за корисникот и пакувањето на производот за идна
референца.
За безбедноста и здравјето на Вашето дете
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
- Постојаното и долго цицање течности предизвикува расипување на
забите.
- Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред хранењето.
- Фрлете ја при првите знаци на оштетување или ослабување.
- Деловите што не се користат, чувајте ги надвор од дофатот на деца.
- Никогаш не прикачувајте за кабли, ленти, врвки или слободни
делови на облеката. Детето може да се задави.
- Никогаш немојте да ги користите цуцлите за хранење или отворите
за пиење како цуцла за смирување.
- Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни лица.
Оваа чаша со цуцла е наменета за употреба со разредени пијалаци.
Густите, газираните или пијалаците со пулпа може да го блокираат
вентилот и да предизвикаат негово кршење или протекување. Оваа
чаша со цуцла не е наменета за подготвување бебешка формула. Не
користете ја чашата со цуцла за подготовка на бебешка формула,
бидејќи тоа може да ги затне дупките и да предизвика протекување на
чашата. Не стегајте го премногу капакот на чашата со цуцла. Не
ставајте ја чашата со цуцла во замрзнувач. Чашата со цуцла е
соодветна и за стерилизација на електричен уред или во
микробранова. Користете микробранов стерилизатор или кеси за
микробранова стерилизација на Philips Avent (SCF297) само за да
стерилизирате кој било дел од чашата со цуцла во микробранова
печка. Проверете дали сите делови се соодветно составени пред да му
ја дадете чашата со цуцла на вашето дете. Не се препорачува
загревање на бебешката храна и пијалаци во микробранова печка.
Микробрановите може да уништат некои вредни хранливи материи во
храната/пијалаците, а може и да предизвикаат високи температури во
одредени делови. Ако се одлучите да користите микробранова печка,
особено внимавајте да ја мешате загреаната храна/пијалаци за да се
обезбеди рамномерна распределба на топлината и проверувајте ја
температурата пред да ја послужите храната. За да спречите
попарување, оставете ги жешките течности да се изладат пред да ја
наполните чашата со цуцла. Ставете го садот во микробранова само
без вентилот, прстенот за навртување, цуцлата и капачето. Не
дозволувајте децата да си играат со малите делови или да одат/трчаат
додека се користат шишињата или чашите. После хранењето,
преостанатото мајчино млеко секогаш треба да се фрла. Проверете
пред секое користење и повлечете ја цуцлата за хранење или одводот
во сите насоки. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или
ослабување. Немојте да ги користите цуцлата за хранење или отворот
за пиење и рачките со стаклено шише.
Пред првата употреба
Расклопете ги сите делови, исчистете ги и стерилизирајте ги во вода
што врие 5 минути или користете го стерилизаторот на Philips Avent. Со
тоа се обезбедува хигиена.
Склопување
Секогаш склопувајте го и расклопувајте го капачето на отворот за
пиење како што е прикажано на сликата во овој прирачник за
корисникот.
Чистење и складирање
Чистете ги сите делови пред секое користење за да се одржи соодветна
хигиена. По секое користење, расклопете ги сите делови, измијте ги во
топла насапунета вода, отстранете ги остатоците од храна и темелно
исплакнете ги. Потоа, стерилизирајте со вриење во вода 5 минути или
користете го стерилизаторот на Philips Avent. Осигурете се дека рацете
ви се темелно измиени и дека површините се чисти пред да се допрат
со стерилизираните делови. За време на стерилизирањето со вриење
во вода, внимавајте делови да не ги допираат ѕидовите на тенџерето.
Тоа може да предизвика неповратни деформации на производот,
дефекти или оштетувања за кои Philips не е одговорен. Боите за храна
може да ја променат бојата на деловите. Овој производ може да се
чисти во машина за миење садови. Производот не го ставајте во
загреана рерна. Не дозволувајте деловите од чашата да дојдат во
контакт или да се стават на површини со антибактериски или
абразивни средства за чистење. Препорачуваме да се заменуваат
цуцлите на секои 3 месеци. Чувајте ги цуцлите во сув, покриен сад.
Немојте да оставате цуцла или одвод за хранење на директна сончева
светлина или топлина и не ја оставајте во средство за дезинфекција
(раствор за стерилизација) подолго од препорачаното затоа што тоа
може да ја олабави.
Компатибилност (Сл. 1)
За резервни делови, посетете ја www.philips.com/support или
контактирајте со локалниот центар за грижа на корисници. Менувајте
ги и спојувајте ги деловите на шишето и чашата на Philips Avent и
креирајте го производот што најмногу ви одговара, тогаш кога ви е
потребен. Сите шишиња на Philips Avent Natural и чаши на Philips Avent
се компатибилни, со исклучок на стаклените шишиња и My First Big Kid
Cup/Grown Up Cup (SCF78X).
Поддршка
Ако ви треба поддршка, одете на
www.philips.com/support.

Summary of content (1 pages)