User Manual

- 10 -
Пред првото користење
1 Отстранете ја целата амбалажа од уредот.
2 Исчистете ги сите делови освен единицата на моторот (погледнете го
поглавјето „Чистење и одржување“).
Користење на уредот
Не заборавајте да проверите дали капакот се оладил по готвењето на пареа пред
да го отворите за да додадете уште состојки за блендирање, доколку е потребно.
Немојте да го надминувате максималното ниво означено на бокалот.
Испразнете го резервоарот за вода пред повторно да го наполните и да
започнете ново готвење на пареа.
Горниот раб на зелената единица со сечила не смее да биде покриен со храна
кога ќе започнете готвење на пареа.
Овој уред е наменет за готвење свежи и цврсти состојки на пареа и за нивно
блендирање за да се добие бебешка храна� Примери може да најдете во брошурата
со рецепти� Состојките обично прво ги готвите на пареа, а потоа ги блендирате�
Меѓутоа, уредот може да го користите и само за готвење на пареа или само
за блендирање� Кога го користите уредот само за блендирање, прескокнете ги
деловите „Полнење на резервоарот за вода“ и „Готвење на пареа“ и следете ги само
упатствата во делот „Блендирање“� Немојте да готвите на пареа веќе блендирана
храна� Никогаш немојте да ја готвите на пареа истата количина состојки подолго од
20минути или повеќе од еднаш�
Уредот НЕ е наменет за:
Одмрзнување храна
Готвење замрзната храна на пареа
Готвење на пареа на веќе блендирана храна
Готвење на истите состојки на пареа подолго од 20 минути
Готвење ориз и тестенини
Блендирање, а потоа готвење на состојките на пареа
Подгревање течности, на пр� супа или вода
Одржување топлина на храната неколку часови
Подгревање храна