User Manual

- 13 -
7 Ставете го бокалот наопаку врз единицата со моторот, т.е. со капакот надолу.
Рачката треба да биде на десната страна и треба да биде прикачена правилно.
Забелешка: Уредот нема да го започне готвењето на пареа ако бокалот и рачката
не се во правилната положба.
8 Вратете го регулаторот до положбата за готвење на пареа.
» Светилката за готвење на пареа ќе засвети во портокалова боја што означува
дека уредот готви на пареа.
Жешката пареа или врелата вода може да ви ги изгори прстите. Немојте да ги
допирате и никогаш немојте да им дозволувате на децата да ги допираат
жешките делови и пареата бидејќи тоа може да предизвика изгореници.
» Времето на готвење на пареа зависи од количеството на вода што сте го
ставиле во резервоарот за вода. Погледнете ја табелата во поглавјето
„Состојки и време на готвење на пареа“ и брошурата со рецепти.
» Кога ќе заврши готвењето на пареа, уредот ќе почне да зуи, а индикаторот за
готвење на пареа ќе се исклучи.