User Manual

- 14 -
9 Поставете го регулаторот во положбата исклучено. Почекајте 2 минути додека
престане да излегува пареа од отворот за пареа за да избегнете изгореници
од врела пареа.
Забелешка: ако сакате да зготвите уште една количина состојки на пареа, почекајте
10минути за да се олади уредот пред повторно да започнете со готвење на пареа.
10 Ако сакате да продолжите со блендирање на храната зготвена на пареа,
следете ги упатствата во делот „Блендирање по готвењето на пареа“ подолу.
11 Во нормални услови, водата не останува во резервоарот по готвењето на
пареа. Меѓутоа, во одредени ситуации (на пр. во случај на наталожен бигор во
резервоарот за вода, прекин на готвењето на пареа или неисправно
користење на уредот), може да остане вода во резервоарот. Во тој случај,
целосно испразнете го резервоарот за вода по користењето за да спречите
развој на бактерии. За отстранување бигор од резервоарот за вода,
погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“.
Блендирање по готвењето на пареа
1 Фатете ја рачката на бокалот и подигнете го бокалот од единицата со моторот.
Свртете го бокалот и истресете го, така што храната ќе падне врз единицата со
ножеви.
Допирајте ја само рачката на бокалот. Капакот, подножјето и надворешната
површина на бокалот се жешки.