User Manual

- 15 -
2 Ако е потребно, отворете го капакот и додајте дополнителни состојки за
блендирање (на пр. вода или масло).
Секогаш проверувајте дали капакот на бокалот и капакот на резервоарот за вода
се оладиле по готвењето на пареа пред да ги отворите за да додадете уште
состојки во бокалот или за да ја отстраните преостанатата вода од бокалот.
Откако ќе ги сипете течностите во бокалот, никогаш немојте да го ставате
бокалот во положба за готвење на пареа.
3 Ставете го бокалот исправено врз единицата со моторот, т.е. со капакот
нагоре. Рачката треба да биде на десната страна и поставена помеѓу двата
испакнати дела на областа за блокирање.
4 Вратете го регулаторот до положбата за блендирање. Држете го регулаторот
во оваа положба додека храната не се изблендира правилно.
Има тајмер од 30 секунди за функцијата за блендирање како заштита од
прегревање. Ако не завршите со блендирањето по 30 секунди, уредот ќе се
исклучи и ќе испушти два звучни сигнали како известување. Откако ќе се олади
30 секунди, уредот испушта еден звучен сигнал и можете повторно да започнете
со блендирање.
Забелешка: доколку состојките се залепат на ѕидот од бокалот, исклучете го уредот
и одвојте ги со лопатката или додајте малку течност.
Забелешка: проверете дали бебешката храна ја има соодветната густина (на пр.
без грутки) пред да ја послужите.
Забелешка: ако бебешката храна е сè уште премногу густа, додавајте вода (на пр.
вода) сè додека бебешката храна не стане помека и поретка.