User Manual

- 21 -
4 Исперете го вентилот во врела вода со малку течност за миење садови и
исплакнете го под млаз вода.
5 Отстранете ја единицата со сечила од бокалот.
6 Темелно измијте ја единицата со сечила под млаз вода веднаш по
користењето. Не заборавајте да ја исплакнете и внатрешноста на единицата со
сечила.
Многу внимателно ракувајте со единицата со сечила. Рабовите се многу остри.
Забелешка: ако сакате да ја исперете единицата со сечила потемелно, откако ќе ја
исплакнете можете да ја ставите во машина за миење садови .
7 Деловите што доаѓаат во допир со храната перете ги со врела вода и течност
за миење садови веднаш по користењето.
Забелешка: сите делови, освен моторната единица, може да се перат во машина за
садови.
8 Ако е потребно, исчистете ја моторната единица со влажна крпа.
9 Проверете дали има остатоци од храна во резервоарот за вода. Тоа можете да
го направите така што ќе погледнете низ отворот за полнење за да проверите
дали има остатоци од храна внатре или за да проверите дали водата има
необична боја и така што ќе помирисате дали резервоарот за вода создава
непријатен мирис или мирис на загорена храна.
Во тој случај, исчистете го резервоарот за вода (погледнете го делот „Чистење
на резервоарот за вода“ во ова поглавје).
10 Оставете го капакот од отворот за полнење отворен за да се спречи раст на
бактерии.