User Manual

- 22 -
Отстранување бигор од резервоарот за вода
Ако остатоци од храна навлезат во резервоарот за вода, тие може да се залепат на
грејниот елемент во резервоарот за вода при следното готвење на пареа� Овие
остатоци не може да се отстранат само со плакнење на резервоарот за вода�
Морате и да го чистите бигорот од уредот на секои четири недели за да овозможите
100 % ефективна работа� За да го намалите таложењето на бигор, користете варена
или филтрирана вода во уредот
За да ги отстраните парчињата храна во резервоарот за вода и да го исчистите
бигорот од уредот, следете ги упатствата за отстранување бигор подолу�
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Додајте 50 ml бел оцет (8 % оцетна киселина) на 150 ml вода.
Забелешка: може да користите и средства за отстранување бигор на база на
лимонска киселина. Не користете други типови средства за отстранување бигор.
3 Наполнете го резервоарот за вода со раствор од (оцет или лимонска
киселина) и вода.
4 Затворете го капакот на отворот за полнење.
5 Ставете ја празниот бокал (без храна во него) целосно склопен со единицата
со сечила и капакот врз единицата со моторот во положбата за готвење на
пареа (т.е. со капакот насочен надолу).
6 Вратете го регулаторот до положба за готвење на пареа.
» Светилката за готвење на пареа ќе засвети во портокалова боја што означува
дека уредот готви на пареа.
7 Исклучете го уредот по 5-6 мин. готвење на пареа и исклучете го од струја.
8 Истурете го искористениот раствор од оцет (8 % лимонска киселина) и вода од
резервоарот за вода.
9 Темелно исплакнете ги резервоарот за вода и бокалот со свежа вода неколку
пати.
10 Наполнете го резервоарот со 200 ml вода и оставете уредот да изврши
готвење на пареа од 20 минути со празен бокал пред следното готвење храна
во него.
11 Оставете го капакот од отворот за полнење отворен за да се спречи раст на
бактерии.