User Manual

- 23 -
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со
обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU)�
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање
на електричните и електронските производи� Правилното фрлање
помага во спречувањето на негативните последици по животната
средина и човековото здравје�
Складирање
1 Испразнете го резервоарот за вода пред да го складирате уредот.
2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да го складирате уредот
(погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
3 Складирајте го уредот со единицата со сечила во бокалот за да се спречи
оштетување.
4 Не ставајте го капакот врз бокалот и оставете го капакот од отворот за
полнење отворен за да се избегне раст на бактерии.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го посебниот меѓународен гарантен лист
Технички спецификации
Напон/моќност: погледнете ја плочката со ознака на долната страна од уредот
Максимален капацитет на резервоарот со вода: 200 ml
Максимален капацитет на бокалот, течности: 450 ml
Заштита: систем за греење со контрола на температурата и безбедносна брава�