User Manual

- 3 -
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите уредот и
зачувајте го за во иднина�
Опасност
- Никогаш не потопувајте ја моторната единица во вода или
некоја друга течност и не плакнете ја под млаз вода�
Предупредување
- Пред да го вклучите уредот, проверете дали напонот
наведен на уредот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа�
- Немојте да го користите уредот ако е оштетен приклучокот,
кабелот за напојување или самиот уред�
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го
замени компанијата Philips, односно сервисен центар
овластен од Philips или лица со слични квалификации за да
се избегне опасност
- Овој уред може да го користат лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под
надзор или да добиле упатства за безбедно користење на
уредот и да ги разбираат можните опасности�
- Овој уред не смеат да го користат деца� Уредот и кабелот
чувајте ги подалеку од дофат на деца�
- Децата не смеат да си играат со уредот
- Немојте да ги допирате рабовите на единицата со сечила
кога уредот е приклучен и при чистењето� Рабовите се
многу остри�
- Ако се заглави единицата со сечила, исклучете го уредот од
струја пред да ги отстраните состојките што ја блокираат
единицата со сечила�
- Уредот многу се загрева при готвењето на пареа и може да
предизвика изгореници ако го допрете� Бокалот
подигнувајте го држејќи го само за рачката�
- Внимавајте на врелата пареа што излегува од бокалот при
готвењето на пареа и кога ќе го отворите неговиот капак�