User Guide

- 5 -
- Почекајте апаратот да се олади 10 минути пред
повторното готвење на пареа�
- Апаратот не смее да блендира подолго од 30 секунди
без прекин� Ако за блендирањето ви е потребно повеќе
време, отпуштете го копчето по 30 секунди за да го
запрете блендирањето, почекајте неколку секунди и потоа
продолжете� Ако главната единица се загрее, почекајте да
се олади неколку минути пред да продолжите�
- Немојте да ставате вода или друга течност во бокалот за
готвење на пареа за да избегнете оштетување на апаратот
- Не заборавајте да го отстраните капакот на садот за
складирање пред да го употребите садот за подгревање
храна во микробранова печка�
Внимание
- Никогаш не користете додатоци или делови од други
производители, или кои не се препорачани од Philips�
Доколку користите вакви додатоци или делови, вашата
гаранција ќе престане да важи�
- Немојте да го ставате апаратот на вклучена или сè уште
врела рингла или грејна плоча ниту во нејзина близина�
- Не заборавајте да го исклучите апаратот и да го извлечете
приклучокот од штекер ако го оставате без надзор, како
и пред склопување, расклопување, замена на додатоци,
чистење или приближување до делови што се движат при
користењето�
- Секогаш исклучувајте го апаратот од струја и оставајте го
да се олади пред да го чистите�
- Не заборавајте да го завртите тркалцето за контрола во
положба за исклучување (OFF) по секое готвење на пареа,
подгревање или одмрзнување�
- Никогаш немојте да го користите бокалот или некој
друг дел од апаратот (освен садовите за складирање) во
микробранова печка бидејќи металните делови на рачката
од бокалот и единицата со сечила не се предвидени за тоа�