User Guide

- 8 -
- За вадење на храната од бокалот користете ја само
испорачаната лопатка�
- Редовното отстранување на бигор спречува оштетување
на апаратот
- Садот за складирање што се испорачува со овој апарат не
е прибор за хранење деца� Немојте да ги храните децата
директно од садот за складирање�
- Пред употреба на садот за складирање, темелно исчистете
го, па стерилизирајте го со стерилизатор Philips Avent
или ставете го во вода што врие во траење од 5 минути�
На тој начин се обезбедува хигиена� Кога користите вода
што врие за стерилизирање на садот за складирање,
проверете дали има доволно вода во резервоарот и
внимавајте садот да не биде предолго во контакт со
резервоарот за да се избегне деформација од топлина�
- Внимавајте количината на храна во садот за складирање
да не ја надминува ознаката за максимална количина на
бочната страна од садот� Во спротивно може да дојде до
протекување од садот
- Кога подгревате или одмрзнувате храна, проверете дали
капакот на садот за складирање е цврсто затворен пред да
го ставите садот во бокалот� Во спротивно може да дојде
до протекување од садот кога ќе го извадите од бокалот
- Подгревањето храна во микробранова печка со помош
на испорачаниот сад за складирање може да доведе
до локализирани високи температури во храната
што може да влијае на нејзината хранлива вредност
Секогаш мешајте ја подгреаната храна за да обезбедите
рамномерна распределба на топлината и проверете ја
температурата пред послужувањето�