User manual

Бричење
Период за приспособување на кожата
Првите бричења може да не ви го дадат
очекуваниот резултат, па дури и вашата кожа
може малку да се иритира. Тоа е нормално. На
вашата кожа и на брадата им треба време да
се прилагодат на секој нов систем за бричење.
За да овозможите кожата да се прилагоди на
новиот уред, ве советуваме да се бричите
редовно (барем 3 пати неделно) и тоа
ексклузивно со овој уред, во период од 3
недели.
- Ако не сте бричени повеќе од три дена, за
најпријатно бричење прво поткастрете ја
брадата.
Бричење на суво
1 Вклучете го уредот за бричење.
2 Движете ги главите за бричење преку
кожата со кружни движења за да ги фатите
сите влакна што растат во различни насоки.
Нежно притиснете за поблиско, удобно
бричење.
Забелешка: Не притискајте премногу силно,
тоа може да ја иритира кожата.
3 По секое користење, исклучувајте го и
чистете го уредот за бричење.
Индикаторот за полнежот на батеријата
светнува неколку секунди и го покажува
статусот на батеријата.
Бричење на влажно
За покомотно бричење, можете да го користите
овој уред за бричење на влажно лице со пена
или гел за бричење.
320
Македонски